Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти: Проблемот е детектиран, може да го решиме само како колектив

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти остана доста незадоволен од првите три изданија кои ги имаше Реал Мадрид во шпанската Ла Лига, на кои актуелниот шампион запиша една победа, но и две реми средби.

Гостувањата кај Мајорка и Лас Палмас завршија со идентични 1:1 и тоа е недоволно добро за стандардните кои ги има наметнато Реал, па Анчелоти како тренер отворено говореше за неочекуваниот проблем со кој се соочува неговиот тим во овој старт на сезоната.

Дон Карло говореше за фудбалска нерамнотежа во неговиот тим која прави тимот лесно да губи топки и да не се брани добро како тим, па откако проблемот бил детектиран, сега очекува далеку подобро издание против Бетис во текот на денешниот ден.

– Тоа што сум загрижен не значи дека сум разочаран. Кога некој е загрижен, тоа значи дека се обидува да ги реши проблемите. До оваа фаза од сезоната, не бевме во можност да бидеме компактни како тим и во тоа мора да се подобриме. Разговарав со играчите и тие се согласија со мене, проблемот е детектиран.

– Кога проблемот е очигледен, многу полесно е да биде решен. Мора да се браниме подобро и да имаме јасна определба како колектив. Проблемот се решава како колектив и чувството е дека досега не ја враќавме топката во наш посед со брзина како што посакуваме. Работевме на тоа и веруваме дека брзо ќе го решиме, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни