Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти се двоумел за петтиот пеналџија на Реал: Одлуката ја донесов поради лош поглед!

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Карло Анчелоти доби уште една фудбалска лотарија во најелитното фудбалско натпреварување, исто како што беше случај лани во четвртфиналето против Манчестер Сити на „Итихад“.

Реал Мадрид доцна синоќа на неколку минути пред полноќ успеа да излезе како победник од двомечот со Атлетико Мадрид, и тоа дури по изведените удари од 11 метри во кој трагичари беа Алварез и Љоренте.

„Кралевите“ го продолжуваат својот пат во најелитното натпреварување и остануваат живи во обидот да ја одбранат титулата, но Карло Анчелоти во стил на голем џентлмен имаше и пофални зборови за градскиот ривал.

– Отсекогаш сум велел дека пеналите се фудбалска лотарија, па тоа го мислам и сега. Или добивате се, или ништо. Тоа е како да вртите петка или глава, на нас ни се падна добитната комбинација. Атлетико си заминува од Лигата на шампионите со високо подигната глава, одиграа фудбал на навистина високо ниво на двата натпревари.

– Бев прилично мирен при пеналите, кога се работи за лотарија, не може да полудувате. Едноставно само чекате да видите како се развива ситуацијата, – изјави Анчелоти, кој призна дека имал дилеми само за еден изведувач на пенал, откако како сигурни опции му биле Мбапе, Белингам, Валверде и Васкез.

– За последниот пенал имавме дилеми меѓу Ендрик и Ридигер. Ја донесов одлуката поради лош поглед. Кога го погледнав Ендрик и го видов изразот на лицето, си реков: Подобро Ридигер, – открива Италијанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни