Шпанија
Анчелоти призна дека го следи големиот талент кој блеска во тимот на Фабрегас: Веруваме дека може да биде иднината на Реал
Карло Анчелоти е на заслужен одмор за време на Божиќните и предновогодишните празници, но фактот што се вратил во родната Италија на неколку дена им овозможило на новинарите на „Раи Радио 1“ да го исконтактираат трофејниот фудбалски стручњак.
Дон Карло секогаш е достапен за медиумите од својата татковина и се обидува да биде максимално коректен кога зборува за сите екипи од Серија А, но сега признава дека во последно време се почесто го следи Комо на Сеск Фабрегас.
Причина за тоа е талентираниот Нико Паз кој направи трансфер од Реал Мадрид во Комо изминатово лето, но бидејќи станува збор за операција во која е вклучена клаузула за ре-откуп, „кралевите“ будно го следат прогресот на фантастичниот Аргентинец.
– Одблизу следиме што се случува со Паз и каков прогрес бележи во Комо. Тој е фантастичен талент и знаеме каков потенцијал поседува.
– Мислам дека ќе има голем бенефит од оваа сезона која ќе ја игра надвор од Реал Мадрид. Ние не сме се откажале од него, веруваме дека може да биде иднината на Реал , – потенцира Анчелоти за фудбалерот кој Реал има ексклузивно право да го откупи во 2025-та и 2026-та година.
-
АТП20 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија18 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија19 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација21 час
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија22 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија19 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија22 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)
-
Италија18 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан