Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти пријатно изненаден од последната аквизиција на Реал: Ниту јас не го очекував ова

Објавено

на

Реал Мадрид утре ќе има сериозен испит на „Месталја“ во дерби пресметка против Валенсија, пред која Карло Анчелоти призна дека е нависитна пријатно изненаден од последното засилување кое го доби во летниот преоден рок.

Едуардо Камавинга запиша еден гол и една асистенција на првите два официјални настапи како играч на Реал Мадрид, учинок кој не го очекувал ниту искусниот Анчелоти кој утре ќе се обиде да се осамостои на врвот во шпанската Примера.

– Вистина е дека сум пријатно изненаден од него. Сите знаевме какви физички предиспозиции има и дека е технички надарен, но неговиот карактер и однос на теренот ме изненадија.

– Покажа неверојатен карактер за негова возраст. Не е загрижен од тоа што се нуди на теренот и има извонредни квалитети. Вистина е дека сум пријатно изненаден од него, – изјави Анчелоти на денешниот прес.

Дербито на „Месталја“ се игра утревечер во 21:00 часот, средба на која Реал и Валенсија имаат шанса да избијат на врвот по денешното реми на Атлетико против Билбао.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни