Лига на шампиони
Анчелоти презадоволен од неколку играчи: Стартувавме со дефанзива која не играла заедно ниту на тренинзите!

Карло Анчелоти откри како функционирал неговиот план за игра на „Итихад“ веднаш по фантастичната пресметка против Манчестер Сити, но во подлабоката анализа, не штедел пофалби за низа свои фудбалери, вклучувајќи и Дани Себалјос и Едуардо Камавинга.
Италијанскиот стручњак го издвои залагањето на дефанзивната четворка која за првпат играше заедно во таква поставеност на еден натпревар, а до истата дојде поради големиот број повредени фудбалери.
Поради последното отсуство на Лукас Васкез, Феде Валверде играше како десен бек, Менди беше лев, додека во срцето на одбраната беа Асенсио и Чуамени.
– Го кажав ова повеќепати, но за нас сезоната почнува сега. Сега следат важните натпрвари и јунаците се препознаваат кога е најтешко. Игравме со дефанзивна четворка која никогаш нема играно заедно, дури ниту на тренинзите. Сите беа фантастични. Чуамени претрпе многу критики, но сега беше извонреден, зрелоста на Асенсио продолжува да ги изненадува сите, додека Валверде и Менди беа фантастични. Одговоривме позитивно во навистина тешка ситуација.
– Одличен беше и Камавинга. Може да се подобри уште, но ќе го направи тоа. Тој и Себалјост беа извонредни, навистина завршија добра работа во средниот ред, – нагласи Анчелоти.
-
Формула 117 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Шпанија13 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија16 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија12 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Формула 111 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
Европски првенства12 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Македонија10 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
НБА15 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)