Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти потврди: Белингем нема да игра против Македонија

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид оствари сигурна победа над Валенсија (5-1) на вчерашниот меч на „Сантијаго Бернабеу“ и со тоа го задржа чекорот со водечката тим на табелата-Џирона.

Во оваа средба „кралевите“ беа без неколку играчи меѓу кои и Џуд Белингем кој отпадна во последен момент. Белингем се повреди на дуелот со Рајо Валјекано, го скокна соочувањето со Брага, ама се очекуваше да биде во акција против „лилјаците“, но отпадна на денот на натпреварот.

По се изгледа повредата на рамото не е така наивна, па така тренерот Карло Анчелоти соопшти дека играчот сигурно нема да игра за Англија на престојните дуели со Македонија и Малта.

-Тој ќе биде прегледан од лекарите во Англија. Ако не играше денес, нема да може да игра и за националниот тим. Тој ќе направи специфична работа на неговото рамо. По паузата ќе може повторно да игра, -порача дон Карло.

Средбата Македонија-Англија е закажана за 20 ноември на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни