Шпанија
Анчелоти посочи зошто неговата работа во Реал е лесна: Зборуваме за играчи…

Италијанскиот стратег, Карло Анчелоти го одведе Реал Мадрид до пехарот во Примера, но истиот може да не биде единствен во актуелнава кампања со оглед на тоа што шпанскиот великан го очекува финале против Ливерпул во Лигата на шампионите.
Со ова Анчелоти уште еднаш ја потврди својата класа, реноме на еден од најквалитетните тренери на денешницата. Во последниве успеси според дон Карло големи заслуги имаат играчите кои прават се да биде лесно на „Сантијаго Бернабеу“.
-Во Реал ми оди добро поради односот што го имам со играчите, никој од нив не ми прави проблеми. Во минатото знаев да му кажам на некој играч дека ќе одмори. Не би сакал да споменувам имиња, но често знаеја да направат лути фаци и лоша атмосфера поради тоа.
-Денес е сосема поинаку. Зборуваме за играчи кои освоиле четири ЛШ кога ќе им кажам дека некогаш ќе бидат на клупата, ниту еден од нив не е вистински проблем поради тоа. Тоа е разликата помеѓу Реал и другите клубови… тука се врвни професионалци. Така ова беше едноставна сезона и мојата работа беше лесна. Инаку, тешко е да се задржат играчите мотивирани, но тоа не е случај овде, на овие играчи не им треба дополнителна мотивација од тоа што играат за Реал Мадрид, -истакна трофејниот стручњак.
-
Англијапред 13 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 9 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Германијапред 11 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 6 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Шпанијапред 13 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Шпанијапред 8 часа
Спектакуларниот „џокер“ на Анчелоти: Ќе си го скршам зглобот ако го направам тоа што го направи Модриќ
-
Италијапред 10 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…