Шпанија
Анчелоти посебно е воодушевен од една ѕвезда на Реал: Тој е најкомплетен играч во светскиот фудбал!

Карло Анчелоти го врати Реал Мадрид на вистински пат по разочарувачкиот пораз на „Ел Класико“ и неговиот тим запиша три убедливи победи во низа, а вечерва ќе ја брка и четвртата.
„Кралевите“ му гостуваат на Валјадолид кој е во опасната зона на табелата, па за очекување е Реал да оствари рутинска победа и да го одбрани првото место кое го брани од минатата недела.
Анчелоти е свесен дека во овој тежок и напорен период ќе мора да одмора и дел од своите најдобри ѕвезди, но ако постои еден фудбалер од неговиот тим кој сака да игра на секој меч, тогаш тоа без сомнеж е Феде Валверде.
Уругваецот покриваше повеќе позиции од стартот на сезоната и поради тоа е играчот од кого е најмногу воодушевен и искусниот Дон Карло, кој сега во најавата за пресметката со Валјадолид го нарече Уругваецот „најкомплетен играч во светот“.
– Феде се оформи во комплетен фудбалер и стана многу важен за нас. Може да покрие многу позиции на теренот и на сите одговара перфектно. Тешко е да пронајдете десен бек како него, дури и мене ми е тешко да ја изберам најдобрата позиција за него.
– Јас го ставам на позиција на која сметам дека е најдобар за тимот, никогаш не бара од мене да игра на дадена позиција. За мене, тој е најкомплетен играч во светот, може да игра на сите позиции, без проблеми ќе се снајде и како стопер, – тврди Анчелоти.
-
НБА19 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија12 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија16 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија14 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА19 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
АТП13 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Шпанија20 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
Италија9 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)