Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти подготвува крајно изненадувачки транфер: Со 50 милиони фунти ќе ја „лови“ ѕвездата на Евертон

Објавено

на

Медиумите на Островот пренесуваат дека новиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ќе се сврти кон својот поранешен тим, Евертон, со намера да го засили тимот од престолнината на Шпанија.

Имено според најавите пласирани во „Сан“, Анечлоти сака да ја искористи финансиската криза во Евертон и да им го „украде“ најдобриот играч од минатата сезона, Доминик Калверт- Луин. Реал Мадрид е во потрага по наследник на Карим Бензема кој игра одлично, но влегува во последните години од кариерата, а Анчелоти сметал дека Калверт- Луин е идеално решение за оваа позиција.

Тоа значи дека дефинитивно, Лука Јовиќ ќе добие дозвола да си бара нов клуб во летниот преоден рок, иако желбата на Србинот била да добие шанса да се докаже кај Анчелоти.

24 годишниот Калверт- Луин зад себе остави одлична сезона во која постигна 21 погодок во дресот на Евертон во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни