Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти по новиот трофеј за Реал: Зарем некој уште има дилема кој ќе ја освои „Златната топка“

Објавено

на

Реал Мадрид петти пат го освои европскиот Супер куп, а тоа е уште еден трофеј во богата тренерска кариера на Карло Анчелоти.

Италијанецот по мечот признал дека дуелот со Ајнтрахт не бил лесен за неговите фудбалери, а повторно делел комплименти за Карим Бензема.

– Не беше лесен натпревар, тие беа блиску до постигнување гол, но ние реализиравме и потоа го контролиравме резултатот. На почетокот на сезоната не можете да очекувате врвна форма, но ние започнавме со победа.

– Бензема уште еднаш покажа дека е важен фудбалер, вистински лидер на овој тим.

– Минатата сезона постигна многу голови, оваа ја почна како што ја заврши претходната. Сега останува уште да ја добие „Златната топка“. Зарем некој има дилеми, не верувам во такво нешто, – рекол Анчелоти, кој најавил и ротации во тимот за првенствениот дуел во недела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни