Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти по драматичниот пресврт на „Месталја“: Имаме една огромна предност!

Објавено

на

Карло Анчелоти не беше задоволен од комплетното издание на неговиот тим на дерби натпреварот против „Месталја“, но нагласи дека спортскиот дух и вербата до самиот крај биле пресудни за режирање на драматичен пресврт на жешкото гостување.

Валенсија беше подобар тим цел еден час, заслужено дојде до предност, но откако Анчелоти изврши пет измени, распоредот на силите комплетно се промени, па изморените домашни фудбалери веќе не можеа да се носат со гостите од шпанската престолнина.

Реал изврши сериозен притисок во завршницата, па со головите на Винисиус и Бензема во 86-та и 88-та минута стигна до победа и три бода со кои се осамостои на врвот на табелата.

– Очекував добар ривал и го добивме тоа што го очекувавме. Валенсија играше многу добро, ги направи работите комплицирани за нас, но победивме благодарение на духот и тоа што не се откажуваме. Замените беа клучни, ја направија главната разлика на теренот. Влегоа со голема мотивација и желба и го свртеа мечот.

– Играчите што влегоа од клупа ја направија промената на теренот. Родриго, Лукас, Камавинга, Иско, тоа се играчи кои ја променија динамиката, внесоа агресивност и тоа ни донесе плус во нападот. Имаме една голема предност, тоа веќе го реков неколку пат. Петте измени се огромна предност за нас бидејќи имаме клупа со огромен квалитет која може да направи разлика во второто полувреме, – изјави Анчелоти по триумфот од 1:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни