Шпанија
Анчелоти: Овојпат не се налутив, но не можам да разберам една работа

Реал Мадрид покажа две лица во дерби пресметката со Атлетико, но одново успеа навреме да реагира и да направи пресврт со кој се пласираше во полуфиналето на Копа дел Реј.
Атлетико беше подобар тим во првото полувреме и поведе со голот на Мората, но откако не искористи свои шанси за втор гол, следеше казна на спротивната страна која започна со мајсторијата на Родриго, а која беше комплетирана со голови на Бензема и Винисиус во дополнителните 30 минути.
Карло Анчелоти изгледаше многу мирно дури и во ситуација кога Реал губеше до 79-та минута, па поради тоа беше запрашан како успеал така добро да ја избалансира лутината по лошото прво полувреме.
– Што им кажав на полувреме? Овојпат не се налутив, едноставно беше. Ритамот кој го наметнавме беше бавен и лош, а во второто полувреме беше комплетен контраст. Публиката не притисна и ни даде крилја и на крајот успеавме да израмниме, а потоа и да победиме.
– Овојпат не бев лут, многу бев лут на мечот со Вилјареал. Јас секогаш верувам во овој тим, верувам дека имаме ресурси да се вратиме и да излеземе подобри на теренот. Во вториот дел не ја променивме стратегијата, го променивме менталниот склоп, имавме повеќе енергија во секој дуел. Понекогаш и мене ми е тешко да сфатам една работа. Тешко е да се сфати како еден тим може да игра толку лошо прво полувреме, а толку добро второ полувреме. Замените не направија подобри и многу сум задоволен на крајот, – изјави Анчелоти.
-
Македонијапред 13 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Англијапред 24 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Лига на шампионипред 10 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Германијапред 22 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 21 час
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 23 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Балканпред 19 часа
Херојска реакција: Мирчевски и четири соиграчи спречиле голема трагедија во Србија (Видео)