Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти открил кога ќе ја заврши тренерската кариера

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти изминатиот период беше поврзуван со бразилската репрезентација, но продолжувањето на договорот со Реал Мадрид значеше потврда за негово останување во „кралскиот клуб“ барем до 2026 година.

Италијанскиот тренер во меѓувреме го одведе Реал до титула во Ла Лига и во финалето на Лигата на шампионите, а во интервјуто за „Ла Република“ открил и кога ќе ја заврши кариерата.

– Ќе завршам кога ќе го одработам договорот со Реал Мадрид.

– Сепак, во меѓувреме сакам уште најмалку една титула во Лигата на шампионите, – изјавил Анчелоти, кој со својата екипа ќе може да ја оствари таа амбиција уште во сабота на дуелот со Борусија Дортмунд.

Анчелоти би имал 67 години кога ќе му истече договорот со Реал, а во меѓувреме успеа да освои голем број трофеи со шпанскиот клуб, но и останатите екипи кои ги водеше во минатото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни