Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти откри зошто не се радуваше премногу по „покерот“ на Реал во Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти го исполни тоа што го вети на прес-конференцијата пред последното „Ел Класико“ за оваа сезона, на која најави дека дојде ред Реал Мадрид да ја победи Барселона по три порази во низа во сите натпреварувања.

Не само што ја победи, неговиот Реал и одржа вистинска лекција во второто полувреме и победи со страшни 0:4 на „Камп Ноу“, резултат кој направи „кралевите“ убедливо да се пласираат во големото финале на Копа дел Реј.

Додека играчите на Реал еуфорично го славеа големиот триумф на теренот, Анчелоти не покажа многу емоции и навистина дискретно и тивко се радуваше на успехот, што направи да добие прашања од шпанските новинари за таквата реакција.

– Не дека не славев, беше доста поинакку во соблекувалната. Сепак, ова не е крај за нас, останува финалето и треба да победиме на тој меч за да се радуваме како што треба.

– Мене како тренер најмногу ме радува што имавме комплетен меч, ако не одиграте комплетен натпревар, не може да победите на „Камп Ноу“. Првиот гол беше многу важен, кога ја подигаме температурата на ова ниво, се е полесно за сите. Променивме само неколку детали од последните „Ел Класико“ порази и тоа го направивме на совршен начин, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни