Шпанија
Анчелоти откри во кој момент ќе размислува за фудбалска пензија: Не постои живот без стрес
Карло Анчелоти пред две вечери беше гостин на специјална фудбалска конференција во Мексико и неговото долго обраќање беше пренесено во неколку дела, бидејќи италијанскиот стручњак говореше за својата методологија и начинот на кој ги менаџира големите ѕвезди, но и за планот кој го имаа во оваа подоцнежна фаза од кариерата.
Целта на Дон Карло е да остане уште некое време во Реал Мадрид и да се пензионира во најдобриот клуб во светот, но сепак не исклучува сценарио да остане и малку подолго од предвиденото, бидејќи во себе се уште чувствува оган кој го тера да оди напред и да бара нови предизвици.
Анчелоти освои се што може да се освои во тренерската кариера на клупски план, па Мексиканците го прашаа од каде црпи инспирација да остане се уште активен на 65-годишна возраст.
– Не постои живот без притисок и без малку стрес. Не е добро да имате премногу стрес, но малку стрес доаѓа како гориво. Денот кога нема да имам „оган“ во себе и возбуда пред еден натпревар, тогаш ќе знам дека е време да прекинам.
– Пред натпреварите се уште имам големи грижи, имам негативни чувства дека нешто нема да оди како што треба, дека противникот ќе постигне гол. Кога ќе почне мечот, сето тоа сопира и мора да останете мирен за да се справите добро со случувањата на теренот. Мислам дека доста добро ми оди, – вели Анчелоти.
-
Свет13 часа
Гвардиола за најголемиот фудбалер на сите времиња: Никогаш не сум видел некој како него…
-
Свет6 часа
Роналдо се сретна со Шчесни и привлече внимание со коментарот кој му го даде за трансферот во Барса (Видео)
-
Лига на нации16 часа
Кин за англиската ѕвезда: Не можам да поверувам колку е лош, подобри тимови…
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ не беше задоволен од реакцијата на своите блиски соработници кои сега се во тимот на Синер (Видео)
-
Италија15 часа
Бонучи го „избриша“ Милан од трката за Скудетото: За титулата ќе се борат…
-
Лига на нации11 часа
Норвешка потопена, Халанд на „тапет“: Знаев дека ќе побегне…(ВИДЕО)
-
НБА13 часа
Јокиќ трчаше, Вестбрук му мереше време: Многу си брз (ВИДЕО)
-
АТП12 часа
Ѓоковиќ за Синер: Една работа ме потсетува на мене…