Поврзете се со нас

Свет

Анчелоти образложи зошто премиерлигашите се надмоќни во Лигата на шампионите во овој момент

Објавено

на

Карло Анчелоти вели дека на стартот на втората етапа во Реал Мадрид се чувствува како да е на „меден месец“, но во интервјуто кое го направи за италијанското радио „Раи“, говореше и за целокупната слика на европскиот фудбал во овој момент.

Неговиот Реал вчера на драматичен начин победи во дерби пресметката со Валенсија и го презема врвот на табелата во Примера, но и самиот Карло е реален и свесен дека во овој момент, англиските екипи имаат предност во Европа поради една единствена причина.

Анчелоти смета дека Премиер лигата е најдобра и најквалитетна лига во светот, што прави најсилните тимови од Англија да играат со поразличен интензитет во Лигата на шампионите, на што често не се навикнати добар дел од другите тимови во Европа.

– Ла Лига загуби многу големи играчи во последно време, но сега излегуваат нови. Еден од нив е нашиот Винисиус. Имаме голем мотив за докажување како тим и сезоната ја почнавме на добар начин. Се чувствувам како да сум на меден месец во оваа втора етапа во Реал Мадрид. Се надевам дека ќе останам тука многу години, – вели Анчелоти и додава.

– Фудбалот во Премиер лигата во овој момент е понапреден од другите. Во првото коло во Европа, само ние победивме од шпанските екипи во Лигата на шампионите. Има една голема разлика, а тоа е интензитетот. Англиските тимови се навикнати да играат со неверојатен интензитет и ние мора да се обидеме да го израмниме тоа, – заклучува Карло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни