Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти образложи зошто Азар не доби ниту една минута против Интер

Објавено

на

Реал Мадрид доста страдаше како тим во првото полувреме на „Џузепе Меаца“ и успеа да се одбрани од налетите на Интер, пред се благодарение на извонредниот Тибо Куртоа кој имаше неколку клучни одбрани во овој дел од играта.

Карло Анчелоти по тешката победа од 0:1 истакна дека е навистина задоволен од тоа што видел дефанзивна пожртвуваност кај неговите фудбалери во моментите кога Интер притискаше во првите 45 минути, но во своето образложение за мечот, искусниот стручњак и објаснуваше на новинарите зошто не го внесе во игра Еден Азар.

– Многу важна победа за отворање на групната фаза. Второто полувреме беше подобро од првото. Не примивме гол благодарение на Куртоа во првите 45 минути, а во второто се подобривме. Ми се допадна тоа што страдавме и што на крајот победивме. Треба да знаете да страдате во фудбалот кога е потребно такво нешто за победа. Покажавме пожртвуваност како тим, – изјави Анчелоти.

Прва корекција на Карло во второто полувреме беше внесувањето во игра на Бразилецот Родриго, кој на крајот се покажа како „џокер“ бидејќи тој го постигна голот за победа во Милано.

– Го ставив Родриго поради тоа што сакав да ја искористам неговата брзина за да играме по крило. Пред да влезе, му реков дека не е важно колку ќе игра, туку како ќе одигра. Му помогна многу на Карвахал во одбрана и пред противничкиот гол е мирен и дава голови. Азар? Сакав да го внесам во второто полувреме, но Интер многу добро затвораше во средишниот дел, а јас сакав да ја отворам играта на страна. Поради тоа го ставив Родриго, – објасни Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни