Лига на шампиони
Анчелоти објаснил зошто е порелаксиран со судиите кои делат правда во Лигата на шампионите

Карло Анчелоти го подготвува Реал Мадрид за ултра важниот реванш со Манчестер Сити во Лигата на шампионите, а неговиот тим го започнува вториот дуел со минимална предност од првата средба.
Италијанскиот стручњак во најавата за натпреварот не можел да го избегне прашањето за судиите и последните контроверзи во кои се најде Реал Мадрид, посебно по отвореното писмо на клубот за корумпираноста на шпанските арбитри.
Анчелоти истакнал дека во однос на судење се чувствува порелаксирано кога неговиот тим игра во Лигата на шампионите и ја образложил причината за тоа.
– Мислам дека има помалку контроверзи и помалку интервенции на ВАР собата.
– ВАР се активира само кога е потребно, а на натпреварите судат најдобрите судии од повеќе земји и квалитетот е повисок.
– Она што ни се случува во Шпанија е изненадувачко, но не би додал ништо повеќе. Не сме среќни за она што се случуваше против Осасуна, Атлетико, Еспањол… на три натпревари бевме неправедно казнети од судиите, – рекол Анчелоти.
-
Формула 111 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија20 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Италија19 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Анчелоти бесен: Нема да играме ако ова се повтори!
-
Лига на шампиони23 часа
ЕХФ ги пофали „Чкембари“ и праша: Дали ова се најдобрите навивачи во ЛШ?
-
Шпанија22 часа
Мбапе блесна, Реал славеше во Вилјареал по пауза од осум години (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Шпанија24 часа
Луд меч на Муричи во Шпанија: Си даде автогол, промаши пенал, па донесе победа за Мајорка во 97 минута (ВИДЕО)