Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти објасни зошто не разговарал со Белингем за црвениот картон против Валенсија

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Џуд Белингем беше играчот кој успеа да даде трет гол за Реал Мадрид во пресметката со Валенсија, но истиот беше неважечки затоа што судијата Хесус Хил Мансано се реши да отсвири крај на натпреварот на една, две секунди пред да се затресе мрежата на „Месталја“.

Гостинскиот тим беше бесен, а меѓу оние кои најжестоко протестираа беше Белингем кој заработи директен црвен картон од Мансано што секако беше „капак“ на се што се случи во тие последни минути на средбата која се одигра во саботата.

Оваа ситуација нормално понатаму е топ тема во Шпанија, па тренерот Карло Анчелоти објасни зошто немал потреба да разговара со Џуд за картонот што го доби во Валенсија.

-Не разговарав со него. Тој е играч кој се обидува да даде се на теренот. Мислам дека црвениот картон беше неправеден. Беше фрустриран, но не упати никаков вид на навреда, -рече Анчелоти кој во однос на тоа дали судиите по секој натпревар треба да седнат и зборуваат со медиумите, да ги објаснат одлукита, Италијанецот порача:

-Навистина не знам што е подобро или полошо. Не знам дали е добро судиите да треба да објаснуваат… има луѓе подобро поставени од мене да кажат што е најдобро за нив, -заклучи дон Карло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни