Шпанија
Анчелоти објасни зошто не му овозможи деби на Ѓулер против Рајо

Карло Анчелоти по ремито со Рајо Валјекано призна дека донел погрешна одлука што го извадил Лука Модриќ на 20 минути пред крајот, но новинарите ги интересираше зошто не му даде шанса на играчот кој сите со нетрпение го очекуваат.
Арда Ѓулер веќе неколку недели тренира со првиот тим и целосно е залечен од повреите кои ги имаше, но Дон Карло реши да не ризикува со него во ситуација кога тимот брка резултат.
Пред натпреварот, сите прогнозираа дека Арда конечно ќе го дочека своето деби во дресот на Реал Мадрид, но сега ќе мора да се стрпи и да почека уште неколку дена.
Италијанецот не сакаше да открива кога точно ќе го пушти во игра талентираниот Турчин, меѓутоа нагласи дека мечот со Рајо не бил поволен со оглед неодамнешната историја со повредите.
– Не беше моментот за да има деби настап. Имаше многу борба на теренот, имаше многу високи топки и жестоки дуели. Ова не беше меч за него. Мора да бидеме трпеливи и мирни, верувам дека набрзо ќе можеме да го видиме на теренот, – изјави Карло.
-
Англијапред 9 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 23 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Англијапред 11 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 9 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Италијапред 21 час
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 11 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Англијапред 10 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Германијапред 22 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат