Поврзете се со нас

Свет

Анчелоти обелодени каква конверзација имал со Мурињо откако Португалецот потпиша со Рома

Објавено

на

Карло Анчелоти смета дека Премиер лигата не може да се споредува со ниту едно друго национално првенство во светот, посочувајќи дека квалитетот на тренери и играчи кои се дел од англиската елита прават ова натпреварување да биде за скалило погоре од сите останати.

Актуелниот менаџер на Евертон направи интервју за „Кориере дело Спорт“, во кое се обиде на едноставен начин да објасни зошто клубовите од Премиер лигата почнуваат да стануваат доминанти и во Европа, за што доказ се трите претставници во двете финалиња во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

– Премиер лигата е исклучително конкурентна, може да кажеме и наброиме многу работи кои клубовите од Англија ги прават супериорни во однос на оние од Серија А. Во Италија има премногу тактика која прави интензитетот да биде далеку послаб. Во Премиер лигата се игра најдобриот фудбал. Премиер лигата ги има најдобрите играчи и најдобрите тренери во светот.

– Квалитетот ја прави разликата, а квалитетот чини пари. Сите клубови се погодени од пандемијата, но Манчестер Сити и покрај тоа ги купи Рубен Диас, Феран Торес и Аке. Челси потроши преку 200 милиони евра за да ги доведе Вернер, Хаверц, Чилвел и Зијеш, а за споредба, едни Реал Мадрид и Барселона не донесоа никакво засилување, – објаснува Анчелоти кој го искоментира и потписот на Мурињо со одговорните луѓе од Рома.

– Не очекував дека ќе оди во Рома, никој не очекуваше. Мурињо ќе им донесе ентузијазам, знаење и карактер. Тој е одличен тренер и имам навистина добар однос со него. Му испратив порака веднаш кога ја прочитав веста, а тој ми врати и ми се заблагодари. Потоа му испратив и втора порака, потенцирајќи дека ќе води тим кој јас многу го сакам, Рома, мојата Рома, – додава Дон Карло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни