Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти обелодени каков говор имал на полувреме: Не го испочитувавме договорот

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Барселона му одржа уште една фудбалска лекција на Реал Мадрид во период од неполни три месеци, а фактот што шпанскиот првак прими дури девет голови на последните две „Ел Класико“ пресметки секако остава лоша слика за тимот на Карло Анчелоти.

По разочарувачките 0:4 на „Сантијаго Бернабеу“ во Ла Лига, „кралевите“ вчера капитулираа во Џеда и претрпеа убедлив пораз од 5:2, по што италијанскиот стручњак одново мораше да дава објаснување за целосно лошата поставеност на неговиот тим во текот на мечот.

Иако за Реал беа лоши сите 90 минути, искусниот Италијанец ги посочи како посебно катастрофални воведните 45, период во кој  тимот според него не играл фудбал.

– Тажен сум и разочаран како секој фан на Реал Мадрид. Не треба да се крие разочарувањето после ваков пораз, но таков е фудбалот. Понекогаш победувате, но треба да научите и од поразите. Останува уште многу за игра до крајот на сезоната и треба да гледаме позитивно на иднината.

– Игравме многу лошо во одбрана и тоа не чинеше убедлив пораз. Тие постигнуваа голови на многу лесен и едноставен начин, не бевме добри и во високиот пресинг, ниту бранејќи се ниско како блок. На полувреме побарав од моите играчи да почнат да играат фудбал, бидејќи во првиот дел не го правеа тоа. Се обидувавме да направиме нешто со долги топки, а тоа не беше договорот кој го имавме. Им порачав дека може да загубиме, но не на начинот на кој игравме во првиот дел. Сега мора да си одиме дома, да размислиме за поразот и да се подготвиме за следниот предизвик, – изјави Анчелоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни