Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти нуди решение за глобалниот проблем: Играчите немаат проблем да играат за помалку пари!

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти застана на страна на фудбалерите и го брани ставот на големите професионалци, откако голем дел од нив најавија штрајк и бојкот на натпреварите кои ги организираат ФИФА и УЕФА.

Новите формати и се позгуснатиот распоред прават животот на еден фудбалер да биде навистина тежок и напорен, а во такви ситуации, се почесто гледаме тешки повреди и долги отсуства од терените.

Според тренерите, фудбалерите се единствените кои можат да направат нешто и кои треба да стават крај на овој фудбалски тренд, па Анчелоти денеска понуди решение според кое би биле задоволни сите страни.

– Фудбалот мора да направи една опширна анализа бидејќи главна цел треба да бидат помалку натпревари и помалку повреди.

– Главна цел треба да биде да се намалат натпреварите, да се игра помалку. Ако се игра помалку, играчите нема да имаат проблем да заработуваат помалку. Сметам дека нема да биде проблем да им се намалат платите, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни