Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти нема дилема: Тоа е најголемиот проблем во фудбалот

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Италијанскиот стратег, Карло Анчелоти долго време е во фудбалот, период во кој имаше можност да работи во повеќе земји, да се запознае со различни култури, да доживее различни искуство, па од тоа комплетно патување има направено анализа, односно знае што е најголемиот проблем на фудбалот-тоа е разизмот.

-Не можам да прифатам дека стадионот стана непријателско место, не можам да ја прифатам оваа клима на омраза поради бојата на кожата, поради религијата, поради етничката припадност на играчите или тренерите. За четири години во Англија не се сеќавам на ниту една навреда, а во Шпанија тоа се случува, -вели дон Карло кој не заборави да го спомени и бројот на натпревари кои екипите ги играат.

-Мојот тим ја завршува сезоната со 73 натпревари. Од 30 декември до 12 март игравме постојано, освен една недела. Не може вака да продолжи. УЕФА лансираше нова Лига на шампиони со повеќе тимови, ФИФА започна Светско првенство за повеќе нации, лигите промовираат финалиња на националниот Суперкуп со четири тима. Или ќе мора да се договорат меѓу себе или ќе биде загрозено здравјето на играчите – заклучи Анчелоти кој и во наредната сезона ќе го води гигантот од „Сантијаго Бернабеу“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни