Шпанија
Анчелоти не затвора врата на еден италијански клуб: Се е можно во фудбалот
Карло Анчелоти во долгиот разговор за „Раи Радио 1“ опфати неколку актуелни теми кои ги пополнија насловните страни во изминатите два-три дена, но се огласи и на одредени шпекулациите кои кружат во јавноста кога е во прашање потрагата на нов тренер од страна на Рома.
Анчелоти важи за човек кој е тесно поврзан со Рома и „волчицата“ има посебно место во неговото срце, па многумина почнаа да прогнозираат дека тој би можел да ја заврши својата тренерска кариера токму на „Олимпико“, стадион на кој мина најмногу години како професионален играч.
Запрашан за можноста да ја води Рома на залезот од кариерата, Карлето не затвори врата на такво сценарио, иако потенцира дека главна цел му е да остане што е можно подолго во Реал.
– Работам напорно за да останам во Реал што е можно подолго. Истовремено, Раниери е мој добар пријател и мислам дека му тргна добро во Рома.
– Имам цврста врска со Рома како клуб, имам посебни спомени и лесно е да се каже тоа. Засега сум среќен во Реал и не размислувам за мојата иднина. Имаме двегодишен договор, но договорите може да бидат прекинати, или продолжени. Се е можно во фудбалот, – гласи изјавата Анчелоти.
-
Светски првенства9 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија20 часа
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства23 часа
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија16 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија21 час
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Англија21 час
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Свет18 часа
Уште еден Македонец може да заврши на островот: Атанасов интересен за клуб од Шкотска
-
Репрезентација23 часа
Серафимов: Дишевме еден за друг, се боревме и го оставивме срцето на терен!