Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти: Не сум ја загубил контролата врз тимот

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид ќе се соочи со Пачука во финалето на Интерконтиненталниот Куп, а за шпанскиот клуб тоа е нова шанса за надополнување на богатата колекција со трофеи.

Тренерот Карло Анчелоти не може да биде задоволен од непостојаноста во однос на резултатите сезонава во најважните натпреварувања, но не ја прифатил сугестијата на новинарите дека можеби ја загубил контролата врз тимот составен од ѕвезди.

– Ме прашувате дали сум ја загубил контролата и без размислување ќе ви кажам дека не е така.

– Во фудбалот се случува да минувате низ тешки фази, понекогаш тие се во периодот октомври-ноември, а понекогаш во периодот април-мај.

– Најважно е да бидете блиску, а ако проблемот се случи порано, тогаш има повеќе простор за корекција. Сигурен сум дека ќе бидеме во најдобра форма во вториот дел од сезоната, живи сме и не сме ја загубиле контролата.

– Ги прифаќам критиките и тие се дел од мојата работа. Не влечеме секогаш најдобри потези и правиме и грешки, а критиките може да ме разбудат во одредени моменти, – рекол Анчелоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни