Лига на шампиони
Анчелоти: Не сме среќни што играме против Атлетико

Карло Анчелоти е прилично задоволен од резултатот на првото мадрилењо дерби, бидејќи тоа што го имал замислено, на крајот и се остварило на првата пресметка на „Сантијаго Бернабеу“.
Италијанскиот стручњак посакувал било каква предност од првиот натпревар пред реваншот на „Метрополитано“, а за такво нешто се погрижи Брахим Дијаз кој режираше мала фудаблска минијатура во второто полувреме.
– Ова беше навистина тежок натпревар, но тоа беше очекувано и нормално. Очекувано е да биде тешко против Атлетико. Започнавме многу добро, потоа Хулијан постигна неверојатен гол. Во вториот дел бевме подобри, работевме добро и ја остваривме целта. Идејата беше да имаме мала предност и успеавме во тоа.
– Беше нависитна тешко, но замислете што ќе биде следната среда……. Верувам во малата предност што ја стекнавме и со големи амбиции ќе влеземе на реваншот. Ќе биде многу тешко, Атлетико ќе притисне уште повеќе пред своите навивачи, но очекувам нов израмнет меч.
– Двата тима многу добро се познаваат, квалитетот е огромен и ова слободно можеше да биде полуфинале, или финале во Лигата на шампиони. Не сме задоволни што играме против Атлетико, но мислам дека и Атлетико не е среќен што се бори против нас за едно четвртфинале во Европа, – изјави Анчелоти.
-
Формула 116 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Шпанија13 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија15 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија12 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија10 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства11 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 111 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА15 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)