Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти: Не ме прашувајте за Мбапе, Реал ги има шесте најдобри играчи во светот

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти не сакал да ги коментира шпекулациите за трансферот на Килијан Мбапе, па го избегнал прашањето со интересен одговор по триумфот на Реал Мадрид над Џирона.

Италијанскиот стручњак смета дека Винисиус е број еден во светот, а Реал ги има и следните пет најдобри играчи на планетата.

– Ме прашувате за играч на друг клуб, а ние тука веќе ги имаме најдобрите фудбалери во светот.

– Вини е број еден, кога игра на ваков начин, за мене е најдобар во свеот.

– Белингам е број два, а потоа следуваат Родриго, Крос, Валверде и Камавинга, – рекол Анчелоти.

По вчерашниот тримф, „кралскиот клуб“ има пет бода повеќе од Џирона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни