Шпанија
Анчелоти: Не е лесно да се биде Винисиус
Реал Мадрид доби драматичен натпревар во петокот и успеа да се врати во ситуација која изгледаше загубено, па така „кралевите“ по којзнат кој пат покажаа дека никогаш не можат да бидат прежалени на еден фудбалски натпревар.
Валенсија водеше 1:0 од првото полувреме и во последните 10 минути влезе со минимална предност, но кога се чинеше дека е блиску до три бода поради исклучувањето на Винисиус Жуниор, следеше неверојатен пресврт на гостите од престолнината.
Лука Модриќ и Џуд Белингам со двата гола се погрижиј за „кралско“ славје на „Месталја“, меѓутоа Реал Мадрид како клуб сега ја очекува и казната која ќе ја заработи Винисиус Жуниор.
Поради прикажата агресија во дуелот со Столе Димитриевски, правилата велат дека Бразилецот треба да заработи суспензија од 4 до 12 меча, но Реал достави жалба и се надева дека истата ќе биде уважена.
За црвениот картон на Винисиус денеска повторно зборуваше Карло Анчелоти, кој пред натпреварот со Депортива Минера во Купот нагласи дека не е лесно да се биде во кожа на бразилската суперѕвезда.
– Инцидентот во Валенсија не беше тежок за црвен картон, требаше да добие само жолт картон и затоа очекуваме да не добие суспензија од неколку натпревари. Нависитна е тешко да се биде Винисиус, тешко ми е да замислам да бидам во негова кожа.
– Тешко е да се издржи сето она што го доживува на теренот. Провокации и навреди, не е лесно да се биде Винисиус, но тој се обидува да биде подобар од ден во ден. Тажен е за црвениот картон и ни се извини, но тоа останува зад нас и сега гледаме напред со позитивни мисли, – изјави Анчелоти.
-
Светски првенства16 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП9 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија16 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП14 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
АТП9 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Германија13 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Репрезентација5 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
Евролига15 часа
Ѕвезда на Партизан бираше најубав европски град, фановите шокирани од одговорот (Видео)