Шпанија
Анчелоти: Навивачите на Реал се научени на „рокенрол“ фудбал
Реал Мадрид не игра допадливо и атрактивно на стартот на новата натпреварувачка сезона и има многу простор за поправање на впечатокот, но Карло Анчелоти е убеден дека на навивачите на „кралскиот клуб“ никогаш нема да им биде здодевно додека тимит победува.
Италијанецот признава дека Реал не игра онака како што посакува во овој момент, меѓутоа останува верен на својата филозофија која често во јавноста знае да се нарече како „рокенрол“ фудбал.
Играта со многу промени на местата и амплитуди во диманиката на темпото носат посебна возбуда на трибините на „Сантијаго Бернабеу“, а оваа аналогија добро ја препознаваат навивачите на Реал кои секогаш се подготвени да дадат ветер во грб во завршницата на натпреварите.
– Нема потреба да измислуваме нешто ново, навивачите се возбудени со тоа што го правиме подолго време. Може да играме подобро од ова, но навивачите на Реал МАдрид се навикнати да гледаат „рокенрол“ фудбал, а не фудбал со многу допири на топката.
– Навивачите се навикнати на динамика и промена на темпото, секогаш се обидуваме да ги искористиме нашите ресурси и нашите најдобри карактеристики. Наша цел е да ги задоволиме навивачите и да останеме верни на нашиот стил, – изјави Анчелоти во најавата за натпреварот со Еспањол.
-
Евролига23 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Лига на нации15 часа
Димитриевски: Верувам дека нема да примам гол, со победа…
-
Балкан16 часа
Капитенот на Задар скокнал во море за да спаси давеник
-
Лига на нации11 часа
Митровиќ со супер гол ја запечати победата на Србија, Шпанија во финишот ја „скрши“ Данска (ВИДЕО)
-
Шпанија15 часа
Иниеста за тврдењата дека е навивач на Реал: Кажани се работи…
-
Лига на нации16 часа
Англиски судии ќе ја делат правдата на мечот Ерменија-Македонија
-
Шпанија20 часа
Де ла Фуенте: Фудбалерите треба да одмараат во клубовите, а не во репрезентациите
-
Лига на нации12 часа
Фудбалерите тренираа во Ереван, подготвени се за жестока битка со Ерменците (ФОТО)