Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти: Навистина е лесно да бидеш тренер на Реал Мадрид

Објавено

на

Карло Анчелоти ги освои најважните трофеи со Реал Мадрид минатата сезона, а и оваа неговиот тим е еден од фаворитите во сите натпреварувања во кои ќе учествува.

Шпанскиот великан игра одлично под водство на италијанскиот стручњак, а тој во последното интервју за „РАИ“ зборувал за својата иднина.

– Овде велат дека е навистина лесно да бидеш тренер на Реал Мадрид. Единствено мора да победуваш на натпреварите, – шеговито вели искусниот Италијанец.

– Она што го гледам во однос на мојата иднина, годинава и следната се поврзани со Мадрид, потоа повторно Мадрид. За понатаму ќе видиме, – вели Анчелоти.

Италијанскиот стручњак ја прокоментирал ситуацијата во Серија А.

– Интер и Јувентус имаат проблеми, Наполи, Аталанта и Удинезе играат навистина добро. Но, очекувајте „бјанконерите“ и „нероазурите“ да се вратат, – вели Дон Карло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни