Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти наредил Арда да го шутира пеналот против Џирона, но младиот Турчин не ја доби топката од својот соиграч (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид и одржа фудбалска лекција на Џирона и до врв ја наполни мрежата на каталонците, а реалнсота е дека можеше да слави и со повисока разлика од конечните 4:0.

„Кралевите“ создадоа доста шанси за уште побрутален триумф, а не реализираа и пенал за 5:0 во самата завршница од натпреварот кој се одигра на „Сантијаго Бернабеу“.

Хоселу не го реализираше ударот од 11 метри и еден од првите играчи кои дојде да го утеши беше Арда Ѓулер, фудбалерот кој всушност бил прв избор на Карло Анчелоти.

Видеата на специјализираните шпански емисии откриваат дека Италијанецот наредил пеналот да го шутира Арда, а тоа го побарале и дел од играчите на теренот.

Сепак, Хоселу не ги послуша ваквите инструкции и реши да не му ја даде топката на помладиот соиграч, нешто што на крајот испадна како лоша одлука од негова страна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни