Шпанија
Анчелоти направи две несекојдневни измени против Рајо: Немам проблеми да бранам резултат

Карло Анчелоти успеа да заштеди дел од своите ѕвезди за големото дерби со Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони, па во последните 15-тина минути го извади и Килијан Мбапе во ситуација кога тимот водеше со 2:1.
Реал Мадрид не искористи неколку добри шанси да има помирна завршница со Рајо Валјекано, па Дон Карло се одлучи за подефанзивен пристап и бранење на водството во финишот, а доказ за тоа се измените кои ги изврши.
Анчелоти на местото на Родриго и Мбапе ги стави Феде Валверде и Камавинга, а во анализата која ја направи за остварената победа, најави дека нема проблем да ги вади напаѓачите и на нивно место да става играчи за врска.
– Мбапе постигна гол и беше важен играч на денешниот натпревар. Тој и Винисиус беа добри до 70-та минута, а потоа мислев дека треба да го зацврстиме средниот ред.
– Кога сакам да одбранам нешто, немам проблем да ги извадам напаѓачите, немам проблем да го направам тоа. Претходно го извадив и Родриго, мислам дека ќе му дојде добро малку одмор пред натпреварот кој следи во среда во Лигата на шампиони, – изјави Анчелоти.
-
Репрезентација23 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства23 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија14 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Светски првенства13 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
АТП14 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Репрезентација22 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!