Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти: Најголемиот квалитет на Рамос не е ниту тактички, ниту технички

Објавено

на

Карло Анчелоти пред неколку дена го посочи Зинедин Зидан како играч кој ја променил неговата идеја за фудбалот, a со оглед на тоа што вчера се наполнија точно шест години од моментот кога Реал Мадрид ја освои толку посакуваната и очекувана „Ла Десима“ во Лигата на шампионите, Дон Карло сега посебно го истакна и херојот во тоа финале во Лисабон.

Серхио Рамос постигна гол во судиското надополнување и го спаси Реал Мадрид од пораз во големото финале со градскиот ривал Атлетико, по што следеше апсолутна доминација на „кралевите“ во продолженијата, по кои тимот предводен од Анчелоти ја прослави десеттата титула во Лигата на шампионите.

Успехот од најелитното натпреварување со Реал Мадрид е посебно драг за Карло, кој пак вели дека секој тренер еднаш во животот треба да го води најпрестижниот клуб во светот.

– Како тренер, мора да го водите Реал Мадрид барем еднаш во животот. Минав две години таму и тоа беше незаборавно искуство, Реал Мадрид е најголемиот и најдобриот клуб во светот, има поставено слика како ниту еден друг клуб, – вели Анчелоти кој во продолжение се осврна на Рамос.

– На играчи како Кристијано Роналдо и Серхио Рамос не треба многу да им објаснуваш. Рамос има фантастични квалитети. Неговиот најголем квалитет не е ниту тактички, ниту технички. Тоа е неговиот карактер, неговиот персоналитет и способноста да ги мотивира тие кои се околу него. Рамос секогаш е на највисоко ниво кога натпреварот е најважен и тоа е неговиот врвен квалитет, – смета Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни