Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти најави заминување на еден играч во овој преоден рок: Одлуката е негова…

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Реал Мадрид лесно се справи со нисколигашот Депортива Минера во Копа Дел Реј, победа од 5-0 која донесе место во осминафиналето на ова натпреварување.

Тренерот Карло Анчелоти ги измеша картите и на оваа сочување им даде шанса на играчите кои се во втор план како што е Ендрик Фелипе. Ендрик не се запиша во листата на стрелци, не забележа ниту асистенција, но Анчелоти беше задоволен од тоа што Бразилецот го покажа на теренот.

-Одигра добар натпревар, голот е детаљ, добро се движеше, имаше можности, неговото движење е секогаш ефективно зад линијата на нападот. Му недостигаше прецизност, но неговата игра беше многу добра. И од десната страна беше многу опасен. Мора да биде трпелив, ќе дава голови кога ќе ни требаат, -истакна Италијанецот.

Стратегот воедно даде коментар за отсуството на дефанзивецот Хесус Валјехо кој сезонава има одиграно само 10 минути, односно се очекуваше барем во Купот да игра, но тоа не се случи со што дефинитивноо се потврдија информациите дека е на излезна врата од клубот.

-Негова одлука е ако замине. Тој не играше поради одредена непријатност, не поради други работи, -порача Анчелоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни