Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти најави дека заминува во пензија: Зборот крај ми има логика!

Објавено

на

Иако не беше прва опција на Флорентино Перез, Карло Анчелоти изненадувачки се врати во Реал Мадрид минатото лето, започнувајќи ја својата втора етапа како тренер на „кралскиот клуб“.

Исто како и во првата етапа, Дон Карло ја освои титулата во Лигата на шампионите во воведната сезона, но овојпат славеше и во Ла Лига и им одговори на сите критичари кои веќе извесно време велеа дека тој е потрошен фудбалски стручњак со застарени методи.

Анчелоти стана најуспешен тренер во историјата на најелитното европско натпреварување, а со важечки договор со Реал до 2024-та година, вели дека е време за крај.

Италијанецот има 63 години и многу долго е дел од фудбалот, но сега првпат најави дека заминува во пензија по крајот на соработката со Реал Мадрид.

– Оваа етапа во Реал Мадрид ќе ја заврши мојата кариера. После етапа со „белите“, ќе се пензионирам. Реал Мадрид е највисокиот врв во фудбалот, затоа има логика зборот крај да се каже тука, да кажам крај после ова искуство со Реал, – вели Анчелоти во интервјуто за „Ил Месаџеро“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни