Шпанија
Анчелоти најави дека Азар останува во Реал, Белгиецот му одговори со фантастични потези на теренот (Видео)

Еден Азар полека ја привршува својата трета сезона како играч на Реал Мадрид, а иако многумина прогнозираа дека тој сигурно ќе си оди, Белгиецот ќе добие и четврта шанса во „кралскиот клуб“.
Ова го најави Карло Анчелоти пред натпреварот со Кадиз кој се одигра вчеравечер, но интересно е тоа што Белгиецот имаше супер одговор за искусниот италијански стручњак.
– Јас никогаш не сум го довел во прашање останувањето на Азар. Тој ќе остане бидејќи има голема мотивација да се докаже. Тој немаше добри моменти досега и сака а го покаже својот квалитет. Планот на Азар е јасен, тој ќе остане, – изјави Карло.
После подолгата рехабилитација и очигледното намалување на килажата, Азар направи кам-бек на терените и го одигра првиот меч по месец февруари, а она што го понуди на теренот влева доверба меѓу фановите дека конечно можат да го видат најдоброто лице на Белгиецот.
Крилниот напаѓач доби речиси 30 минути против Кадиз, период кој беше доволен да прикаже голем дел од својот фудбалски репертоар, кој правеше најчесто да биде сопиран со прекршоци.
-
Англијапред 21 час
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 13 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Светпред 22 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
Италијапред 14 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Германијапред 20 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
АТПпред 20 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Италијапред 16 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика