Шпанија
Анчелоти на тема зимски засилувања: Можам да кажам само една работа
Реал Мадрид утре и гостува на Валенсија во заостанатиот меч од 12. коло во шпанската Примера, меч на кој ако „кралевите“ слават ќе го преземат првото место во шампионатот.
Секако тоа е главна цел на екипата и тренерот Карло Анчелоти кој имаше можност да даде коментар на тема зимски засилувања затоа што Реал се поврзува со ангажман на дефанзивецот на премиерлигашот Ливерпул, Трент Александер Арнолд.
-Тешко е да се зборува за тоа во овој контекст, -истакна Карло запрашан за тоа дали темата била разговарана за време на паузата.
-Ќе видиме. Ќе видиме. Тоа е единственото нешто што можам да го кажам. Имаме многу натпревари во јануари, фокусирани сме на тоа. Зборувањето за пазарот не е едноставно за мене во моментов.
-Не сакам да зборувам за тоа бидејќи не е моментот да зборуваме за тоа овде. Реков дека ќе видиме и ќе видиме. Задоволен сум од составот што го имаме. Имавме потешкотии, но секогаш сме можеле да ги надминеме,-порача Италијанецот.
-
Репрезентација15 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
АТП20 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
АТП19 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Германија23 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Светски првенства14 часа
Пајовиќ посочи дека тактиката на Лазаров им направила големи проблеми на Австријците: Чувствувам горчина
-
Светски првенства13 часа
ИХФ го издвои ремек-делото на „Фитиљ“: Чиста моќ на Кузмановски (Видео)
-
Светски првенства17 часа
Митревски по ремито со Австрија: Се надевам дека ќе се опоравиме од настинките кои преовладуваат во тимот
-
Лига на шампиони11 часа
Рафиња го постигна најбизарниот гол во поновата историја на ЛШ, Барселона победи во трилер со девет голови! (Видео)