Шпанија
Анчелоти на иста линија со Флик: Играчите мора да бидат дисциплинирани…
Барселона и Реал Мадрид утре во директна битка ќе одлучат кој ќе го освои првиот трофеј во шпанскиот фудбал во оваа сезона, односно кој ќе слави во Супер Купот.
Двете екипи нормално сакаат победа, титула, ама на крајот што и да се случи јасно е дека има уште многу за што да се игра за крајот, па Карло Анчелоти даде искусна изјава во негов стил.
-Во случај на пораз утре сезоната продолжува. Тоа е финале и ние сме многу блиску до уште една титула и размислуваме позитивно, но свесен сум дека во фудбалот се може да се случи, а уште повеќе ако противникот е силен како Барселона. Нашиот тим се подобри и тоа никој не го оспорува. Поразот не би бил добар, ама не би изгубил сон, бидејќи треба да продолжиме, -рече Анчелоти кој е на иста линија со неговиот колега Ханси Флик кој уште еднаш покажа дека дисциплината му е најважна, па на претходниот меч го остави на клупата голманот Ињаки Пења.
-Распоредот е важен и играчите мора да бидат дисциплинирани. Одлуката што ја носам е дека сакам објаснувања за доцнењето. Ако причината е прифатлива, ништо не се случува, но ако не е, преземаме акција, -заклучи Италијанецот.
-
Светски првенства24 часа
Лазаров: Мора да поработиме на еден сегмент пред натпреварот со Австрија
-
Светски првенства23 часа
ИХФ ги промени сатниците: Македонија двапати ќе игра во непопуларен термин
-
Светски првенства23 часа
Реакција на РФМ по случувањата во Вараждин: Дојдовме во мир, а дочекавме грубо да претресуваат жени и деца!
-
Репрезентација13 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Свет12 часа
(Не)очекувана одлука: Нејмар го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата
-
Англија11 часа
Фернандеш директен: Не сум тука за да губам натпревари и да бидам…
-
Шпанија8 часа
Голем предизвик за Димитриевски и Валенсија во четвртфиналето во Купот на Шпанија
-
Шпанија15 часа
Анчелоти за Мбапе: Сега е најдобар напаѓач на светот