Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти му се поклони на фудбалерот кој многу му недостасуваше: Ја води топката како никој друг

Објавено

на

Реал Мадрид славеше на гостувањето кај Шериф Тираспол со 0:3 и го завери осминафиналниот билет во Лигата на шампионите, што воедно донесе и еден неверојатен податок поврзан за тимот кој е вистински „крал во Европа“.

Откако е ребрендирано натпреварувањето во Лигата на шампиони, Реал е единствениот тим кој обезбедил пласман во следната фаза во сите 30 натпреварувачки сезони, учинок и рекорд кој беше потврден на синоќешното гостување во Молдавија, а кој најдобро говори за континуитетот на „кралевите“ во најелитното натпреварување.

– Овој тим секогаш се натпреварува и затоа не чуди ваквата бројка. Во Лигата на шампионите, работите секогаш одат добро за Реал и има повеќе фактори зошто се случува тоа. Но, најважно е тоа што тимот секогаш сака да се подобри, – изјави Карло Анчелоти.

На пресот по победата, искусниот Италијанец добил и посебно прашање за Тони Крос, кој едноставно доминира во средниот ред откако го пропушти стартот на сезоната поради непријатна повреда.

– Кога Крос е добар, тренерот е многу помирен. Тој ја води и ја контролира топката како никој друг. Комбинацијата во пакет со Касемиро и Модриќ е спектакуларна, а сега Крос почна да дава и голови, што значи дека игра на врвно ниво, – додаде Дон Карло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни