Поврзете се со нас

Англија

Анчелоти му одржа лекција на новинарот откако доби провокативно прашање за Хамес (Видео)

Објавено

на

blank

Карло Анчелоти можеше да биде задоволен од преставата на неговиот Евертон во првото коло во Премиер лигата, бидејќи „карамелите“ успеаја да прокнижат први три бода во дуелот со Тотенхем.

Гостите од Ливерпул славеа во Северен Лондон со голот на Калверт Луин по 10 минути игра во второто полувреме, а на денешниот меч свое деби во Премиер лигата имаше и Хамес Родригез.

Доскорешниот фудбалер на Реал Мадрид допрва ќе треба да се адаптира на Премиер лигата и покрај тоа што првичниот впечаток е навистина доста добар, но новинарот на „Скај Спортс“ успеа да го испровоцира Анчелоти со своето прашање.

Претставникот на угледната телевизија го запраша Анчелоти дали е загрижен за брзината и физичките предиспозиции на Хамес со оглед на напорот кој се вложува во англиската елита, по што Дон Карло издоминира со одговорот.

– Не сум загрижен за физичкиот поглед. Ако бев загрижен за ова, ќе го купев Јуесин Болт, а не Хамес, – порача Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни