Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти му одговори на Родри: Шпанските екипи се многу подобри од англиските во еден важен елемент

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Родри како играч кој имаше шанса да настапува во Ла Лига и Премиер лигата направи паралела меѓу двете престижни натпреварувања, нагласувајќи дека во овој момент англиското првенство е за скалило подобро од она во неговата родна земја.

Фудбалерот на Манчестер Сити со оваа своја изјава отвори голема дебата на Пиринеите, па дел од истата стана и легендарниот стручњак Карло Анчелоти, кој во Ла Лига се врати откако го заврши престојот во Евертон.

Италијанецот смета дека не може да се прават споредби меѓу две национални првенства, а во период кога не би избрал страна, се обиде да нагласи која е главната карактеристика на шпанските екипи.

– Шпанската Ла Лига е поразлична од Премиер лигата, би го кажал само тоа. Не е ниту подобра, ниту полоша……

– Во Премиер лигата се игра со поголем интензитет и сите го гледаме тоа. Но, шпанските екипи се многу подобри во еден важен елемент. Тактичкото ниво на екипите во Ла Лига е многу подобро од она кое се екипите во Премиер лигата, – заклучи Дон Карло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни