Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти му одговори на Пујол: Ако сака да зборува со Винисиус…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карлес Пујол вчера се огласи во јавноста и даде коментар за Винисиус Жуниор, односно посака да има приватен разговор со Бразилецот за да му помогне околу фудбалската едукација.

Легендарниот капитен на Барселона има големо мислење за ѕвездата на Реал и порачува дека е врвен фудбалер, но исто така додава дека треба да се подобри во одредени ситуации и да го поправи однесувањето кон ривалите.

Оваа тема денеска ја искоментира и Карло Анчелоти, кој како голем џентлмен и голем фудбалски познавач, елегантно и мирно му одговори на поранешниот стопер.

– Ако Пујол сака да зборува со Винисиус, слободно може да го направи тоа. Винисиус и натаму прави разлика за нас на секој натпревар. Можно е да треба да си го поправи односот во одредени ситуации, но јас сметам дека веќе се има многу подобрено и ќе продолжи да се подобрува.

– Ние во клубот сме презадоволни од него, негова работа е да биде добар на фудбалскиот терен. На последните неколку натпревари беше деконцентриран на фудбалски план, но неговиот однос значително е поправен од она што јас го видов првиот пат, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни