Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти му испратил јасна порака на еден играч пред да замине на одмор: Немој да направиш лудост, остани во Реал

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид на големо ја прослави 15-та титула во Лигата на шампионите и славјето траеше цели два дена во шпанската престолнина, но откако полека се стишуваат емоциите, медиумите од Шпанија почнаа да се занимаваат со нерешните прашања околу првиот тим на Карло Анчелоти.

Тони Крос беше тој кој сам си ја реши иднината исе збогуваше од фановите на Реал со две освоени титули, Лука Модриќ најави дека ќе остане уште една сезона во „кралскиот клуб“, па пред играчите да се распуштат на одмор, Карло како тренер на тимот почувствувал потреба да поразговара со капитенот.

Начо се уште нема донесено одлука и се двоуми дали да ја прифати понудата која ја има на маса од Флорентино Перез, или да направи исчекор и за првпат да го напушти матичниот клуб.

Стоперот одигра важна улога и ја имаше најдобрата сезона во првиот тим на Реал, а Карло чувствува дека и во иднина може да биде доста важен, без оглед на фактот што очекувано е предност да имаат играчите кои се враќаат од повреда (Милитао и Алаба).

– Немој да направиш лудост, остани тука со нас, остани во Реал Мадрид, – му порачал Анчелоти на Начо пред да замине на одмор.

Оваа ексклузива ја пренесе угледната „Марка“, а истата нависита е веродостојна бидејќи и самиот Карлето јавно му порача на Начо дека нема подобро место за него од Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни