Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти: Модриќ знае зошто не го испраќам на загревање

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид денеска ќе игра мало градско дерби против Хетафе на гостински терен, па останува да видиме дали Карло Анчелоти и трет меч во низа нема да му даде шанса на Лука Модриќ.

Хрватот воопшто не се загреваше на Канарските Острови и тоа беше една од главните теми по победата над Лас Палмас, но истата се продлабочи и на најновата прес-конференција која ја одржа Италијанецот.

Тренерот на Реал Мадрид образложи дека мора да има различен третман за легенда како Модриќ и младо момче како Арда Ѓулер, а запрашан за иднината која го чека 38-годишниот Хрват, Карло даде доста резервиран одговор.

– Модриќ е легенда на Реал Мадрид и општо на фудбалот. Лука е тој што ќе одлучи каде ќе игра наредната сезона.

– Модриќ е легенда, има освоено пет титули во Лигата на шампионите и влезе во 39-та година. Модриќ знае зошто не го испраќам на загревање. Нема да оди на загревање ако не мислам да го внесам во игра. Такво нешто можам да направам со играчи како Арда кој е многу млад, но не со Модриќ. Му го објаснив тоа на гостувањето кај Лас Палмас, – порача Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни