Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти: Модриќ треба да биде мирен, не гледам такви работи пред важен натпревар

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Лошата форма на Едуардо Камавинга отвора простор за друг играч во стартната постава на Реал Мадрид, па угледните шпански медиуми почнаа да шпекулираат дека неговото место вечерва ќе биде пополнето од Брахим Дијаз, или Лука Модриќ.

Хрватот има далеку посекундарна улога оваа сезона и статистиката вели дека не бил стартер на два меча во низа, нешто што ако се повтори би значело дека Карло нема да му даде шанса од самиот старт.

Модриќ беше во почетните 11 против Рајо Валјекано изминатиов викенд, но во најавата за европското дерби против градскиот ривал Атлетико, Анчелоти реши да испрати смирувачка порака до ветеранот, порачувајќи дека неговата одлука ќе зависи само од замислите кои ќе ги има непосредно пред мечот.

– Статистиката за Модриќ? Тоа е случајност. Не гледам статистика пред важни натпревари, пред било кој натпревар кога ја одредувам стартната постава. Модриќ може да биде мирен, не гледам такви работи пред натпреварите, – изјави Анчелоти, чиј тим вечерва ќе се обиде да се пласира во четвртфиналето во Лигата на шампиони, откако на првиот меч со Атлетико славеше со 2:1.

– Само 11 играчи ќе излезат на теренот, но не се работи само за стартерите. Треба да придонесат и тие што влегуваат од клупа. На натпревар против Атлетико секогаш решаваат деталите, така ќе биде и сега. Еден играч од клупата може да ја направи главната разлика, – изјави Анчелоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни