Шпанија
Анчелоти: Модриќ е дар за фудбалот, можам да го споредам со една легенда од Милан!

Лука Модриќ игра врвен фудбал на 39-годишна возраст и не планира да застане иако во септември ќе влезе во петтата деценија од животот, а Карло Анчелоти го охрабрува да остане блиску до фудбалската игра се додека чувствува сила да биде на највисоко ниво.
Хрватот денеска режираше фудбалско ремек-дело на „Сантијаго Бернабеу“ и ги стана на нозе сите присутни навивачи на стадионот, мајсторија со која ја најави победата на Реал над Џирона.
Спектакуларниот гол на Модриќ стана топ тема во шпанската престолнина, а бидејќи за истиот се зборуваше по крајот на мечот, Карло Анчелоти не пропушти да подели низа комплименти за фудбалскиот ветеран.
– Модриќ е дар за фудбалот, треба да продолжи да игра се додека мисли дека може да игра. Тоа што го прави на теренот, го прави навистина многу добро. Имаме среќа што имаме таква легенда во нашиот тим. Тој е подарок за фудбалот поради неговата сериозност, квалитетот, но и професионалноста.
– Можам да го споредам со една италијанска легенда. Имав уште еден 40-годишен играч во Милан, а тоа беше Малдини. Двајцата може да ги споредуваме и да ги посочуваме како вистински примери за фудбалери. Тие се фантастични примери за сите, не е случајност што двајцата стигнаа да играат до 40 години. Генетиката е важна, но исто така важна е и посветеноста и односот кон фудбалот, – изјави Анчелоти.
-
Формула 115 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија24 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија15 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија11 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија9 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства10 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 110 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)