Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти: Модриќ беше совршен, најдобар со топка…

Објавено

на

foto:twitter.com/lukamodric10

Реал Мадрид го доби заостанатиот натпревар со Хетафе (2-0) и со освоените три бода се искачи на првото место на табелата во шпанскиот шампионат.

Хоселу Мато беше стрелец на двата погодоци за „кралевите“, меѓутоа тренерот Карло Анчелоти имаше комплименти за други играчи меѓу кои и Лука Модриќ кој во последно време се помалку го гледаме на теренот.

– Лука Модриќ беше перфектен, најдобар со топка. Ја контролираше целата игра, беше многу добар. Винисиус, Белингем, Валверде, Модриќ… Овожавам да гледам како играат и нивната поврзаност на теренот, -рече Италијанецот.

Инаку Лука претходно остана на клупа против Лас Палмас и Алмерија, против Барса играше само 10 минути, а по 65 и 66 минути играша на пресметките со Атлетико Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни