Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти: Мбапе ми докажа дека бев во право

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Килијан Мбапе постигна импресивен гол против Севилја и потврди дека неговата форма добива нагорна линија, и тоа во период кога беше сериозно критикуван поради двете ужасни изданија против Ливерпул и Атлетик Билбао.

Самиот Французин по победата над Севилја нагласи дека на натпреварот на „Сан Мамес“ го допрел дното како ѕвезда на Реал Мадрид, но истовремено тоа му послужило како отскочна даска да нуди перформанси какви што сите очекуваат од него.

Напаѓачот постигна гол на четврти меч во низа и влезе во посакуван напаѓачки ритам, па задоволен од целиот пресврт е и Карло Анчелоти.

– Мбапе беше доста самокритичен по тешките ноќи кои ги имаше во Реал. Самиот излезе од ситуација која беше доста комплицирана за него.

– Пред натпрварот со Севилја кажав дека заврши неговиот период на адаптација, а со извонредниот гол ми покажа дека бев во право. Понекогаш не грешам за некои важни работи во фудбалот, – изјави Анчелоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни