Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти: Мбапе има само еден проблем, ужасно е да се шпекулира за неговото ментално здравје

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Килијан Мбапе брзо се соочи со огромен притисок во Реал Мадрид, а причина за тоа е фактот што не се запишува така лесно во листата на стрелците.

Французинот не постигна гол на последните четири натпревари за Реал и поради тоа беше ослободен од Дидие Дешамп со цел да се аклиматизира што подобро во Мадрид, но наместо тоа да му донесе олеснување, критиките и шпекулациите продолжија во изминативе две недели.

Дел од медиумите почнаа да шпекулираат дека Мбапе се соочува и со психолошки проблеми поради немоќта да се справи со притисокот во Реал, а сето ова направи да видиме и една енергична изјава од Карло Анчелоти.

– Не ми се верува дека се шпекулира за менталното здравје на Мбапе. Јас го гледам целосно смирен, фокусиран и среќен во нашиот тим. Не гледам дека има било какви психолошки проблеми. Според мене, ужасно е да се шпекулира за менталното здравје на еден фудбалер.

– Лошата голгетерска серија сигурно ќе сопре за Мбапе, им се случувало на сите напаѓачи. Јас гледам дека е максимално мотивиран, среќен е што е дел од нас и црната низа ќе прекине порано или подоцна. Неговиот квалитет не се доведува во прашање, има само еден проблем. Потребно му е повеќе време и набрзо ќе го видиме најдоброто од него, – сигурен е Анчелоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни